Во Словенија се формира Социјалистичка партија

Љубљана, 27 мај 2016 (МИА) - Во последните триесетина години во Словенија се регистрирани повеќе од 150 политички партии, за што беа потребни нотарски заверени најмалку 200 потписи на граѓани со право на глас, а деновиве услови за регистрација стекна и најновата - Социјалистичка партија на Словенија (СПСЛО), објави нејзиниот основач Тадеј Терчек, кој се прогласи за главен секретар на партијата.

- Партијата формално е основана вчера на Блед, во вилата на некогашниот југословенски претседател Јосип Броз Тито, изјави Терчек за агенцијата СТА.

Тој додаде дека први и најважни цели на партијата се излегување на Словенија од Европската унија и НАТО, за што има намера да организира референдум.

На референдумот од 2003 година 92 отсто од словенечките избирачи се изјаснија за влез во Европската Унија, а 62 отсто за влез во НАТО, интеграции на кои земјата им се приклучи во 2004 година, пренесува Хина.

На интернет страницата на СПСЛО и на нејзиниот Фејсбук профил се истакнати срп, чекан и црвена ѕвезда, и му се изразува добредојде на Владимир Путин, кој кон крајот на јули доаѓа во неофицијална посета на Словенија.

Како свои стратешки цели партијата во основање, меѓу другото, ги наведува социјализмот, независноста, регионалната соработка и зајакнување на врските со Руската Федерација и Кина, панславизмот на културен план, одржување на политичките традиции на Титова Југославија, зелена економија, забрана за ГМО производи и повторно воведување на воената обврска.

Словенечките политички аналитичари сметаат дека партијата нема големи шанси за освојување на барем еден мандат на идните парламентарни избори, со оглед на големата политичка конкуренција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...