Савченко: Ќе бидам претседател доколку Украинците тоа го сакаат

Киев, 27 мај 2016 (МИА) -  Украинскиот пилот Надежда Савченко, која во средата се врати дома по две години минати во руски затвор, денеска изјави дека ќе се кандидира за претседател на земјата доколку тоа Украинците го сакаат.

На првата прес-конференција што ја одржа по враќањето во Украина, Савчено изјави дека најмногу би сакала да се врати на својата работа на воен пилот, но дека би била подготвена и да се кандидира за претседател на земјата „доколку тоа им е потребно на Украинците“, пренесоа американските медиуми.

Надежда Савченко беше помилувана од рускиот претседател Владимир Путин и таа дома се врати со размената на затвореници, откако во март беше осудена на 22 години затвор заради вмешаност во убиството на двајца руски новинари на истококот на Украина.

Савченко стана многу популарна во Украина, каде наиде на срдечно добредојде по враќањето од Русија, забележуваат американските медиуми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...