Анкета: Мнозинството Германци се за прием на бегалци во земјата

Берлин, 27 мај  2016 (МИА) - Според последното испитување на јавноста во врска со позициите, очекувањата и стравовите на Германците најголемиот дел од испитаниците сметаат дека луѓето што бегаат од војна во родната земја треба да добијат азил во Германија. 
 
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, испитувањето спроведено од Социоекономскиот панел при германскиот Институт за економнси истражувања покажува дека бегалците имаат право да останат во Германија согласно европското законодавство и Конвенцијата за бегалци од 1951 година. 
 
Над 80 проценти од испитаниците сметаат дека бегалците имаат право да добијат азил во странска земја, а над две третини се за прием на бегалци во Германија. 
 
Во исто време околу 55 отсто од испитаниците смета дека бегалците треба да се вратат дома по завршувањето на конфликтите во татковината. Според истражувањето се повеќе Германци сметаат дека влијанието на бегалците врз германската економија е позитивно, иако сеуште е доминантен ставот дека краткорочните ефекти по економските трендови се негативни. 
 
Анкетата покажува дека поголема толеранција за бегалците имаат луѓето со повисоко образование, а правото на азил помалку се почитува кај граѓаните во Источна Германија, како и меѓу поддржувачите на десничарските партии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...