Во Германија откриена бактеријата листерија

Берлин, 30 мај 2016 (МИА) - Стотици тони месни преработки на компанијата „Сиебер“ се повлечени од продажба поради можно присуство на бактеријата листерија.

Според весникот „Зи Дојче Цајтунг“ во различни прозводи на фирмата биле пронајдени пет позитивни случаи на бактеријата која што е опасна за човековиот организам, особено за трудни жени и луѓе со нарушен имунолошки систем.

Компанијата „Сиебер“ која со храна го снабдува и меѓународниот аеродром во Минхен призна дека во сувомесните прозиводи била пронајдена бактеријата по што од продажба биле повлечени сите производи.

Според германските власти бактеријата не е пронајдена во сите производи на компанијата, но поради претпазливост сите нејзините 206 производи мора да бидат повлечени од пазарот. Од граѓаните се бара да не ги јадат повлечените производи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...