Чешкиот Парламент повторно ќе го разгледува новиот Закон против пушењето

Прага, 30 мај 2016 (МИА) - Чешката Влада повторно го испрати во Собрание Предлог- законот против пушењето, кој минатата недела пратениците го отфрлија, јави дописникот на МИА Од Прага.

Како што информираше премиерот Бохуслав Соботка, во новата верзија на Предлог-законот, кој би требало да важи од јануари идната година, се внесени и некои предлози од пратениците.

Претходно, Предлог-законот не Беше изгласан во Парламентот, поради несогласувањето на претставниците на коалициониот партнер АНО, на кои не им се допадна предлогот да бидат воведени специјални ,,пушални" во рестораните.

- Верувам дека Законот ќе биде донесен и кон гласањето коалиционите партнери ќе се однесуваат одговорно, за да почне да важи од 2017 година, оцени Соботка.

Според него, новиот Закон предвидува забрана за пушење цигари и пури во ресторените, со исклучок на електронските цигари и т.н. наргиле односно водено луле.

Забрането е пушење и на автобуските станици и Зоолошката градина, со исклучок на специјален простор надвор наменет за пушење.

Законот ја регулира и употребата на алкохолот. Предлог- законот предвидува овозможување на продавање на спортски акции на алкохолни напитоци, кои содржат до 4,3 проценти алкохол на спортски акции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...