Совет на Европа: Време е Европа да ги интегрира мигрантите

Стразбур, 31 мај 2016 (МИА) – Европските држави мора што побрзо да ги интегрираат мигрантите откако повеќе од милион луѓе во пристигнаа во Европа во потрага по заштита, порача комесарот на Советот за Европа за човекови права Нилс Муижниекс во извештај за интеграција на мигрантите.

– Европските влади кои досега беа зафатени со краткорочни потреби како што е прием и обработка на барања за азил, сега мора да се фокусираат на долгорочна цел за унапредување на успешна интеграција на мигрантите, истакна Муижниекс.

Во фокус на препораките е спојување на членови на семејства, почитување на правата на престој, курсеви за јазици и интеграција, пристап до пазар на трудот и квалитетно образование, ефикасна заштита од дискриминација и учество во политика.

Во извештајот „Време е Европа да ги интегрира мигрантите“, се даваат насоки на владите и парламентитте за успешна политика на интеграција.

– Миграните не се закана, туку шанса. Европските држави би требало да се соочат со предизвик за успешна интеграција и тоа се смета за долгорочна инвестиција во своја стабилна и безбедна иднина, наведува Муижниекс во извештајот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...