Ново барање за екстрадиција во САД на режисерот Роман Полански

Варшава, 31 мај 2016 (МИА) - Полскиот министер за правда Збигњев Зиобро изјави денеска дека ќе биде поднесена жалба на одлуката на полски суд, со која се забранува екстрадиција на режисерот Роман Полански во САД каде е обвинет за силување на малолетничка.

Зиотро, кој во истовреме е и државен обвинител на Полска, рече дека жалбата против одлуката на првостепениот суд ќе биде испратена до Врховниот суд.

Во октомври 2015 година, полскиот суд го отфрли американското барање, со образложение дека тоа е „недопустливо“.

Полански е роден во Полска, во еврејско семејство, но сега живее во Франција, каде има добиено и француско државјанство.

Во 1978 побегна од САД, каде беше пуштен од затвор со кауција, откако претходно беше потврдено дека имал секс со 13 годишно девојче.

Силуваната Саманта Гејмар, сега средновечна жена, во интереју за лондонски Би-Би-Си во 2013 година зборуваше за кривичното дело и за нејзината битка за задоволување на правдата.

Роман Полански е полски и француски државјанин, а Франција не дозволува екстрадиција на своите државјани, но случајот се актуелизира откако познатиот режисер извесно време престојуваше во Полска работејќи на еден нов филмски проект.

Во 2010 година, тој беше притворен од швајцарските власти и десет месеци помина во домашен притвор, врз основа на потерницата на американското Министерство за правда. Барањето на САД, на крајот, беше отфрлено по силниот притисок на Франција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...