Борис Џонсон исвиркан пред својата куќа во Лондон

Лондон, 24 јуни 2016 (МИА) - Доскорешниот градоначалник на Лондон, Борис Џонсон, кој ја предводеше кампањата за напуштање на ЕУ, беше исвиркан од голема група лондончани кога излегуваше од својата куќа.

Насобраните демонстранти, сите противници на Брегзит, од кои некои носеа знамиња на ЕУ, заедно со британските, извикуваа пароли против Џонсон, обвинувајќи го што застана зад кампањата која со мало мнозинство победи.

Ова е прв пат досега, Џонсон, кој беше мошне популарен како градоначалник, да биде исвиркан и јавно осудуван за една своја политичка одлука.

Насобраните демонстранти го попречуваа излегувањето на Џонсон од домот кој потоа замина со возило, придружуван од обезбедување, иако големиот број насобрани новинари и фоторепортери очекуваа од него изјава за победата на неговата кампања и за заминувањето на Британците од Унијата.



Подоцна, во изјава за домашната јавност, тој им се заблагодари на сите што гласале за напуштање на ЕУ, означувајчи го тоа како „голем ден за Британија, за британската демократија, но и за Европа“.

Британските медиуми открија дека Џонсон бил осамен во целото свое семејство, затоа што татко му, неговите браќа и сестрата, сите агитирале за останувањето на земјата во Унијата.

- Ние агитиравме за ЕУ како активисти на движењето за екологија, мислиме дека некои ставови на кампањаата за заминување од Унијта не смее да се негираат или омаловажуваат, но Борис не е никаков националист, изјави за Си-Ен-Ен таткото Стенли Џонсон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...