Парламентарни избори во Шпанија

Мадрид, 26 јуни 2016 (МИА) - Во Шпанија денеска се одржуваат парламентарни избори, само шест месеци од претходните, со цел да се овозможи формирање на нова влада.

Повторените избори се обид да се надмине политичката криза предизвикана од глањето во декември, кога ниту една партија не доби доволно гласови сама да формира влада ниту успеа да формира коалиција до истекот на рокот - 2. мај.

Најмногу гласови на парламентарните избори на 20 декември минатата година освои Народната партија, но не доволно за мнозинство од 176 пратеници во Долниот дом на Парламентот. Тоа беше најлош изборен резултат за партијата во последните 26 години.

Лидерот на Народна партија Маријано Рахој призна дека нема доволно поддршка од ривалските партии да формира малцинска влада и коалиција и одби да биде мандатар.

Лидерот на социјалистите, Педро Санчес потоа се обиде да формира влада обезбедувајќи договор со центристичката партија Сијудаданос (Граѓани), но тоа не беше доволно за мнозинство.

Ултралевичарската Подемос (Ние можеме) го осуети обидот на Санчес одбивајќи да се придружи на коалицијата или да се воздржи при гласањето за недоверба.

Изборите се одржуваат во момент кога граѓаните се незафоволни поради виосоката стапка на невработеност, политичката корупција и мерките за штедење, а посебно поради намалените расходи за здравството и образованието.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...