Земан: Шкотска ќе си оди и ќе влезе во ЕУ, а Британија веќе нема да биде голема

Прага, 26 јуни 2016 (МИА) - Излегувањето на Велика Британија од Европската унија, според чешкиот претседател Милош Земан ќе значи и заминување на Шкотска од Велика Британија и нејзин влез во ЕУ, јави дописникот на МИА од Прага.

- Велика Британија без Шкотска веќе нема да биде голема, изјави Земан во интервју за чешката телевизија Прима. Тој додаде дека не верува дека ЕУ ќе ја напуштат и други земји.

- Тоа ќе има многу значајно влијание врз британската економија, оцени Земан, кој смета дека заминувањето на Британија од ЕУ, ќе доведе до значително „оладување“ на политичките односи на Англија со остатокот од Европа.

Земан подвлече дека и европските политичари сносат дел од вината за резултатите од референдумот во Велика Британија.

- Ако европските политичари беа вистински личности немаше да се случи Брегзит. Владимир Путин со ова заминување ништо не губи, ниту добива. Но Велика Британија ќе биде малку послаба и Европската унија ќе биде многу послаба, смета Земан.

Уште пред неколку дена, Земан изјави дека на исходот од референдумот во Велика Британија значително придонел стравот од миграцијата кој го чувствува поголем дел од британските граѓани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...