Jункер треба да замине од функцијата, сметаат чешки политичари

Прага, 26 јуни 2016 (МИА) - Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер е одговорен за Брегзит и треба да поднесе оставка, се согласуваат чешкиот министер за надворешни работи Лубомир Заоралек и чешкиот европратеник Јан Захрадил, кои денеска гостуваа во емисија на Чешката државна телевизија ЧТ.

Според шефот на чешката дипломатија, понатамошните преговори меѓу Велика Британија и ЕУ треба што поскоро да почнат, јави дописникот на МИА од Прага.

Заради резултатите на историскиот референдум, оставки најавија британскиот премиер Дејвид Камерон и британскиот еврокомесар Џонатан Хил, но според Заоралек треба да замине и Јункер.

- По мое мислење, тој не е човек на свое место. Ние мора да се запрашаме кој е одговорен за тие резултати во Британија, рече Заоралек, оценувајќи дека Унијата сега треба да се насочи кон одржување на остатокот од Европа во заедништво, да се избегнуваат интеграциски иницијативи и да се решаваат практичните проблеми.

Тој подвлече дека европските пазари треба да добијат јасен сигнал дека Унијата и понатаму ќе соработува со Велика Британија и може да се примени моделот на Норвешка или Швајцарија и не смее да почне трговска војна.

- Британија, не може да чека, како ништо да не се случило, да дејствува како полноправна членка и да интервенира во рамките на Унијата за работи што по неколку години нема да ја засегаат, изјави европратеникот Павел Теличка.

За европратеникот Захрадил пак, не играат улога три месеци и смета дека за официјално заминување на Велика Британија од ЕУ ќе се договара уште најмалку две години и затоа повика на смирување на ситуацијата.

Со евентуално заминување на Јункер не се согласува, чешката европарламентарка Вјера Јоурова која посочи дека „беше договорено, дека ЕК нема да се меша во внатрешно политичките дебати и одлуката ќе ја остави на британските граѓани“. Таа додаде дека Брегзит не може да му се препише како грешка на Јункер.

Таа смета дека две години не се доволни за мирно заминување на Велика Британија од ЕУ, но смета дека Советот на Европа може тој период да го продолжи по претходен договор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...