Даниел Кохн-Бендит би бил кандидат за претседател на Европската Комисија

Париз, 27 јуни 2016 (МИА) - Поранешниот европратеник, екологистот Даниел Кохн-Бендит, е подготвен да биде кандидат за претседател на Европската комисија, но под услов листите за европратеници да бидат „транснационални“, јави дописникот на МИА од Париз.
 
-На момент да прекинеме да зборуваме за референдумот, тоа нема никаква смисла. Ние имаме европски избори (во мај 2019). Треба да иновираме, се заложи Даниел Кохн-Бендит на радио „Европа1“, четири дена по референдумот во Велика Британија.
 
Кохн-Бенедикт предлага место 27 национални избори за состав на Европскиот парламент, на кои се избираат европратеници од секоја земја, истовремено да се додаде листа од четириестина европратеници, кои ќе бидат на трансевропски листи.
 
-Односно, вие ќе имате и втор глас, на кој ќе гласате за европските социјалисти, европските зелени, европските фашисти, или не знам што европско, рече тој.
 
„На првото место на овие трансевропски листи треба да се стават кандидатите за претседател на Комисијата“, продлага Кохн-Беднит.
 
Во такви околности и тој би бил кандидат за претседател на извршната европска власт.
 
Поранешниот лидер на мај 68 и еден од наголемите поборници за европската конструкција, смета дека ваквата одлука може да биде донесена на Европскиот совет, закажан за по два месеци.
 
-Ако Оланд, Меркел и Ренџи сакаат да и помогнат на Европа треба да се одлучат за оваа изборна реформа и потоа да тргнеме како во 14-та (мислејќи на Првата светска војна) и да видиме што од тоа ќе излезе, заврши Кохн-Бендит.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...