Германската министерка за одбрана чека датум за посета на базата Инџирлик

Берлин, 27 јуни 2016 (МИА) - Турскиот премиер Бинали Јилдирим денеска дозволил германската министерка за одбрана Урсула Фон Лејен да ги посети германските војници во воената база Инцирлик каде се сместени германски војници, пренесуваат локалните медиуми.

Предходно германското Министерство за одбрана соопшти дека се чека на одобрен датум за посета од страна на турските власти, јавува дописникот на МИА од Берлин.

-Се уште чекаме на датум за посетата. Министерката планира да ги посети германските војници, изјави Јенс Флосдорф, портпарол на Министерството за одбрана на владина прес конференција.

Минатата недела турски дипломатски претставници порачаа дека германски воени офицери се добредојдени да ја посетат базата Инџирлик, но дека посетите на германските политичари нема да бидат дозволени од официјална Анкара.

По гласањето на германскиот Парламент за признавање на геноцидот од страна на Отоманската империја врз Ерменците во Првата светска војна, беше блокирана посетата на државниот секретар во Министерството за одбрана во Берлин и неколку пратеници, кои пред една недела сакаа да ги посетат германските војници во Инџирлик.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...