Италијанската полиција заплени 170 килограми албанска марихуана

Тирана, 30 јуни 2016 (МИА) - Италијанска крајбрежна полициска контрола заплени албански моторен чамец натоварен со 170 килограми марихуана во реонот меѓу градовите Бриндизи и Лече.

Според полициски извори, како што јави дописникот на МИА, чамецот, кој доаѓал од Албанија, бил пронајден во меѓународните води, но лицата кои биле во него го напуштиле и побегнале со друг чамец.



Чамецот прво бил заблежан од германски хеликоптер од европската контролна мисија во Медитеранот, по што веднаш биле известени италијанските власти.

Веднаш била организирана акцијата на италијанската полиција која го запленила чамецот и дрогата, но не успеала да ги пронајде и лицата кои ја шверцувале марихуаната.

По еден подолг период на затишје, ова е поголемо количество албанска марихуна запленета од италијанската полиција.

Во меѓувреме турската полиција уапси две момчиња и две девојки, албански државјани, откако во автобомил марка „Пасат“ со кој тие патувале, открила 20 килограми марихуана. Младите Албанци, како што изјавиле, сакале да поминат повеќедневен одмор во Турција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...