Јункер планира сите членки на ЕУ да го воведат еврото

Лондон/Берлин, 30 јуни 2016 (МИА) - По одлуката на мнозинството Британци за Брегзит, Европската комисија планира да ја лансира идејата сите земји членки на ЕУ да го воведат еврото како национална валута, објави лондонскиот весник „Дејли Експерс“.

- Претседателот на Европската Комисија, Жан-Клод Јункер, како што се верува, сака секоја земја членка да го воведе еврото, откако на 23 јуни граѓаните на Британија гласаа за Брегзит, наведува „Дејли Експрес“. 



Според весникот, Јункер инисистира на „забразување на европската интерграција“ на тој начин што и простантите осум земји членки на ЕУ, кои сега користат сопствени национални валути, би ги замениле со еврото. 

Станува збор за Бугарија, Данска, Полска, Романија, Унгарија, Хрватска, Чешка и Шведска.

Во исто време и германскиот весник „Франкфуртер Алгемејне Цајтинг“, повикувајќи се на свои извори во седиштето на ЕУ во Брисел, наведува дека Европската комисија сака да ја „забрза доизградбата на монетарната унија“. 

- Имајќи го предвид претстојниот процес за Брегзит, Европската комисија сака да и стави крај на постоењето на „ЕУ со повеќе валути“, тврди франкфуртскиот весник,

Според „Франкфуртер Алгемајне Цајтинг“, главен промотор на оваа идеја е самиот Јункер, која сака „посилно поврзување“ на Европската монетрана унија.

Весникот наведува дека со плановите за Брегзит се предвидува ресорот за финансиска стабилност, финансиски услуги и пазари на капитал, со кој сега раководи британскиот еврокомесар Џонатан Хил, да го преземе потпретседателот на Еврокомисијата и комесар за еврото и социјален дијалог, Летонецот Владис Домбровскис.

Според „Франкфуртер Алгемајне Цајтинг“, ова не би било времено решение, туку би требало да дојде до спојување на двата ресори во еден. 

На овој начин Домбровскис би требало не само да има координативна улога на финанскиот пазар како досега, туку би имал целосна надлежност над овој сектор. Негов приторитет во овој случај би било регулација на финасискиот пазар и негово насочување кон зајакната монетрана унија, нагласува германскиот весник.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...