„Пресе“: Трагите од нападот на аеродромот „Ататурк“ водат до Виена

Виена, 1 јули 2016 (МИА) - Зад нападот на истанбулскиот аеродром „Ататурк“ во вторникот вечерта, при што загинаа 42 лица, а над 230 беа ранети, би можел да стои Чеченецот Ахмед Чатаев, кој од 2003 година живее во Австрија и има статус на азилант, тврди виенскиот весник „Пресе“. 

Според весникот, Чатаев во 2012 година заминал за Сирија, каде се борел во редовите на џихадистите.

Портпаролот на австриското Министерство за внатрешни работи, Карл-Хајнц Грундбек во изјава за „Пресе“ тврди дека веќе биле контактирани од страна на турските власти во врска со сомнежите околу поврзаноста на Чатаев со нападот.

Весникот наведува дека во податоците на австриската полиција Чатаев е заведен како „странски борец“, однсно како лице кое им се приклучило на исламските екстремисити во борбите во Сирија.

Чатаев кон крајот на 90-те години на минатиот век учествувал во борбите во Чеченија, каде ја загубил едната рака, по што бил заробен од руските сили. По неколку години побегнал во Австрија, каде добил азил врз основа на тврдењето дека бил изложен на измачување во Русија.

„Едноракиот Чатаев“ последен пат бил виден во пограничниот регион меѓу Сирија и Турција, додава „Пресе“.

Името на Чатаев се споменуваше и како организатор на нападот во Анкара лани во октомври, а сеге турските медиуми го поврзуваат и со маскакрот на „Ататурк“

Според турските медиуми, групата со која раководел Чатаев на 25 мај допатувала во Турција, каде изнајмила станови во кои бил планиран и подготвуван нападот на аеродромот.

Инаку, како што наведува „Пресе“, над половина од исламистите кои од Австрија заминале во Сирија за да се борат на страната на џихадистите, се со чеченско потекло.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...