Деветмина загинати во нападот во Минхен

Минхен, 23 јули 2016 (МИА) - Најмалку девет луѓе загинаа, а 16 се ранети во вооружениот напад извршен вчера доцна попладне во трговскиот центар „Олимпија“ во Минхен, јави ДПА. 

Како што соопшти минхенската полиција, меѓу загинатите е и напаѓачот, кој најверојатно дејствувал сам, иако првично беше соопштено дека полициските сили трагаат по тројца вооружени лица осомничени дека учествувале нападот.

Претставник на полицијата претходно инфомира дека припадници на безбедносните сили доцна синоќа во трговскиот центар пронашле тело на лице со прострелни рани што упатуваат на самоубиство, за кое е утврдено дека му припаѓа на напаѓачот. 

Во близина на телото полицијата нашла црвен ранец, кој наликува на оној што, според очевидци, го носел напаѓачот кој почнал да пука пред ресторанот „Мекдоналдс“.

Како што јави германското радио „Бајерише Рундфук“, портапролот на минхенската полиција Маркус да Глорија Мартинс соопшти дека припадници на специјалните полициски единици со помош на робот ја провериле содржината на ранецот.

Очевидецот Луан Зекири за телевизијата Н-ТВ изјави дека додека бил во близина на ресторанот „Мекдоналдс“, каде што започна нападот во Минхен, слушнал како напаѓачот извикува навредливи зборови за странците во земјата и дека „врескал на цел глас“.

Зекири видел само еден напаѓач, кој носел ранец. - Погледнав во неговиот правец и тој пукаше во скалите зад кој се криев, изјави Зекири, кој се скрил во една блиска продавница, а потоа избегал кога напаѓачот се тргнал од местото на нападот. При напуштање на локацијата Зекири видел мртви тела и ранети граѓани како лежат на земјата во близина на инцидентот.

Германските медиуми пренесуваат и изјава на друг очевидец, кој за телевизијата Си-Ен-Ен тврди дека еден напаѓач извикал „Алах е голем“, по што почнал да пука во група деца. Очевидецот тврди дека тој јасно ги слушал извиците на напаѓачот, затоа што и самиот е муслиман.



Шефот на кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел, Петер Алтмајер вечерва нагалси дека засега не може да потврди дека нападот во Минхен е „акт на тероризам“. - Се што во моментов може да се каже пред јавноста е дека се работи за суров и нечовечки напад, изјави Алтмаjер.

Претходно полицијата соопшти да не може да го оквалификува нападот како „дело на исламски терористи“, а некои германски медиуми јавија дека не е исклучено зад него да стојат домашни екстремни десничари. 

Во Минхен е прогласена „специјална состојба“ заради нападот, а целата област околу трговскиот центар е блокирана. Сообраќајот во градот беше целосно запрен - не сообраќаа метрото, трамваите, ниту автобусите, а евакуирана беше и централната железничка станица во Минхен. Меѓутоа, како што јави Дојче Веле, некаде пред полноќ јавниот транспорт во Минхен беше возобновен.

Телевизијата Н-ТВ јави дека на барање на властите на Минхен во градот е активирана антитерористичката мрежа ГСГ 9, процедура која опфаќа активности за спречување на терористички акти и за изведување на антитерористички операции. Мрежата е воспоставена по нападот на палестински терористи врз израелските спротисти за време на Олимписките игри во Минхен во 1972 година. 

Полицијата по нападот апелираше до граѓаните да останат во своите домови и ги избегнуваат јавните места.

Претставник на полицијата исто така ги повика граѓаните на социјалните мрежи да не објвуваат фотографии и видеа од полициската акција и движењето на полицајците, како ни шпекулации во врска со случувањата во Минхен. - Тоа ќе ни ја олесни работата, порача полицијата.

Минхенската полиција побара од граѓаните кои снимале видеа од нападот да ги достават до полицијата преку специјален линк на интернет HYPERLINK "https://medienupload-portal01.polizei.bayern.de/" \nhttps://medienupload-portal01.polizei.bayern.de.

Полицијата отвори и специјален број на кој граѓаните можат да добијат информации за исчезнати лица, кои во време на нападот биле во реонот околу трговскиот центар. 



Нападот почна во 17:52 минути во ресторан за брза храна на „Мекдоналдс“ во трговскиот центар „Олимпија“, кој се наоѓа во северниот дел на Минхен.

Како што јави Би-Би-Си, германскиот Федерален совет за безбедност за денеска закажа вонредна седница на која ќе се расправа за нападот во Минхен. На заседнието на Советот ќе присуствуваат германскиот канцелар Ангела Меркел, вице-канцеларот Зигмар Габриел и министрите за одбрана Урсула фон дер Лајен, за надворешни и внатрешни работи, Франк-Валтер Штајнмајер и Томас де Мезиер, за финансии Волфганг Шојбле, за правда Хајко Маас и за развој Герд Милер.

Штајнмајер во писмената изјава нагласи дека со ужас ги следи вестите што доаѓаат од Минхен. - Иако се уште ги немаме сите инфорамции за поздината на овој страшен акт, јасно е дека ќе тагуваме по загинатите и многуте повредени. Нашите мисли се со семејствата и блиските на жртвите, порача доцна синоќа германскиот шеф на дипломатијата Франк Валтер .

Според Штајнмајер, безбедносните сили во Минхен ноќва прават се што е во нивна моќ за да ги спасат животите на луѓето во опасност и да превенираат понатамошна опасност.

- Германија вечерва од целиот свет доби изрази на сочувство и поддршка, вели Штајнмаер, според кого, добро е во вакти тешки времиња да се знае дека европските и другите меѓународни пријатели на земјата се на иста страна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...