Казнев ќе ја тужи за клевата градската полицајка од Ница

Париз, 24 јули 2016 (МИА) - Полемиката меѓу Владата и претставниците на градот Ница и опозицијата околу безбеднсоните мерки при огнометот на 14 јули, кој заврши со трагедијата во која беа убиени 84 лица и околу 300 беа повредни не стивнува, напротив, таа се распламтува.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, полицајката Сандра Бертан, која била задолжена за видео-надзорот во Ница на 14 јули, тврди дека трпела притисок од Министерството за внатрешни работи во врска со обработката на снимките.

Таа тврди дека и се вршел притисок да напише во извештајот дека националната полиција била присутна на две точки во Ница.

- Јас бев  малтретирана еден час, ми беше наредено да ги ставам специфичните позиции на националните полициски сили, кои  јас не ги видов на екранот... Јас на крајот испратив една верзија од извештајот, која не може да се измене и една која може да се измене, истакна Бертан во интервју за весникот „Журна ди диманш“.

Францускиот министер за внатрешни работи  Бернар Казнев веднаш по објавувањето на интервјуто најави дека ќе тужи Бертан за клевета.

Тој посочи дека полицијата не контктирала со Бертан туку Обвинителството од Париз. 

- Ќе биде многу корисно госпоѓата Берттан да бид солсушана од страна на инспекторите и да може да ги идентификува лицата кои ги обвинува.

 

Веќе неколку дена заменик-градоначалникот на Ница, Кристијан Естрози и Казнев спорат за бројот на припадници на националната полиција и за безбедносните мерки  во целост. Генералниот инспекторат на националната полиција изработува извештај, што оќе биде објавен следните денови.

Покрај тоа, Одделението за борба против тероризмот побарало видео-снимките да бидат избришани за да се избегне ширење на снимките. Градоначалникот на Ница се спротистави на тоа барање.

Национален фронт (ФН) во полемиката меѓу Естрози и Казнев гледа потврда за своите стравувања од „обид да се прикрие вистината“.

- Министерството за внатрешни работи остава впечаток дека се обидува  да се спречи појавата на вистина во она што станува државна афера, обвинува ФН.

ФН бара и оставка на Казнев.

- Дали безбедносните мерки беа доволни и во согласност со предвидените плановите? Дали имаше пропусти таа ноќ? Што се обидува да сокрие Министерството за внатрешни работи?, се наведува во соопштението од ФН. 

За бришење на снимката од видео надзорот, градската полицајка Сандра Бертан, кој е и генерален секретар на Самостојниот синдикат на вработените во локалната власт на Ница, објаснува дека „никогаш немало протекување на снимки од службите“.

Таа наведе дека градската полиција не можела да го запре камионот, бидејќи не е вооружена како националната полиција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...