Еден загинат и 12 повредени во нов инцидент во Баварија

Берлин, 25 јули 2016 (МИА) - Сириец, кому германските власти му го одбиле барањето за азил, е извршителот на нападот што се случи синоќа во вински бар во стариот дел од градот Ансбах, во близина на Нирнберг, соопшти денеска баварскиот министер за внатрешни работи, Јоахим Херман.

Во нападот, што се случи синоќа околу 22 часот и 30 минути, загинаа 27-годишниот бомбаш-самоубиец, а 12 други лица се ранети.  

Според Херман, напаѓачот пристигнал во Германија пред две години и веќе два пати се обидувал да изврши самоубиство,

- Но, тој сега во ранец носел експлозив и метални делови кои требале да убијат што е можно поголем број луѓе, па затоа сметаме дека не станува збор за самоубиство, туку за намера да им се наштети на  што е можно повеќе лица,  рече Херман.

Сепак, според него, засега нема индиции, кои би укажувале дека зад овој напад стои групата Исламска држава.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, претходно германските медиуми, пренесувајќи информации од социјалните мрежи, јавија дека на еден човек, кој носел ранец, на два часа пред инцидентот, не му било дозволено да влезе на музичкиот фестивал што се одржувал во центарнот на Ансбах. Веднаш по експлозијата фестивалот е прекинат.

Ансбах е град со околу 40.000 жители, југозападно оф Нирнберг, крај кој постои американска воена база.

За само една недела најјужната и најбогатата германска покраина Баварија беше погодена од три сериозни инциденти. Покрај експлозијата во Ансбах, во првиот инцидент 17-годишен бегалец од Авганистан со секира нападна и повреди неколку луѓе во воз, а во вториот што се случи во петокот психички нестабилен Германец со иранско потекло уби девет и повреди 16 посетители во трговски центар во Минхен.

Предходно во текот на вчерашниот ден 21-годишен Сириец во градот Ројтлинген во покраината Баден Виртенберг со мачета уби една жена и повреди двајца други луѓе пред да биде уапсен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...