Тереза Меј во прва посета на Северна Ирска како британски премиер

Белфаст, 25 јули 2016 (МИА) - Британскиот премиер Тереза Меј престојува денеска во прва посета на Северна Ирска, откако пред 12 дена на оваа функција го наследи Дејвид Камерон.

Во Белфаст таа се среќава со првиот министер и лидер на Демократската унионистичка партија (ДУП), Арлен Фостер и со заменик првиот министер Мартин Мекгинис од Шин Феин. Главна тема на заедничакта средба, како и на одвоените разговори на Меј со двајцата политички лидери од покраината, е ситуацијата по одлуката на референдумот за напуштање на ЕУ.

ДУП и Фостер агитираа за Брегзит, додека Мекгинис, Шин Феин и северноирските републиканци католици водеа кампања за останување во ЕУ.

Поделабата на унионистите протетанти и на републиканците и околу останувањето и заминувањето од ЕУ, ја комликуваат политичката ситуација во овој дел на Велика Британија.

Веднаш по соопштувањето на резултатите од референдумот од 23 јуни, Мекгинис предупреди дека Шин Феин нема никогаш да прифатат „одново воспоставување граница меѓу Северот и Југот„ на островот (меѓу Северна Ирска и Република Ирска) и дека тоа ќе води кон организирање референдум за обединување на Северна Ирска со Републиката на југот.

Северноирските републиканци сметаат дека Брегзит го доведува во прашање Договрот од Велики петок од април 1998 година, затоа што неговата основа го чини слободното движење на луѓе и работна сила и отсртанување на граничната линија меѓу двата дела на ирскиот остров.

Слична беше реакцијата и на официјален Даблин, кој оцени дека Брегзит е во спротивност на Спогодбата од пред 18 години, како и дека излегувањето од ЕУ е контра духот на историскиот договор за обезбедување траен мир во Северна Ирска.

Политички експерти во Белфаст стравуваат дека Брегзит може да ги наруши мирот и стабилноста во покраината каде повеќе од три децении траеја судирите меѓу протестантите кои сакаат останување на покраината во Обединетото Кралство и католиците кои бараа приклучување кон Република Ирска.

Премиерот Меј во посебна изјава пред заминувањето од Лондон порача дека Северна Ирска ја смета за „специјално парче од Британија“.

- Мирот и стабилноста во Северна Ирска се најприоритетната задача на сегашната Влада, изјави Меј.

Таа ги уверува Северноирците дека „излегувањето од ЕУ ќе биде успешно за сите во Велика Британија, па и за Северна Ирска„.

Пред референдумот, Тереза Меј, тогаш како министер за внатрешни работи престојуваше двапати во покраината, агитирајќи за останувањето на Велика Британија во ЕУ.

Тогаш таа отворено предупредуваше дека доколку гласачите се определат за Брегзит, ќе биде невозможно да не биде изменет договорот со Република Ирска за границата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...