Колони возила блокирани во јужна Англија поради застој во Довер

Лондон, 25 јули 2016 (МИА) - Повеќе илјади возила се блокирани низ патиштата на југоисточна Англија, создавејќи долги колони од камиони, автобуси и автомобили, кои чекаат да влезат на фериботите во британското пристаништето во Довер, за да се префрлат во Франција.

Во текот на деновите од викендот се чекаше и по повеќе од 14 часови, што предизвика хаос на патиштата и гневни реакции на луѓето кои не предвидувајќи ваков застој останеле без храна и вода за пиење.

Причини за застојот се стартот сезоната на годишни одмори, кој овој викенд предизвика засилен сообраќај, топлото време што ги зафати Велика Британија и северните делови на Франција, но и зајакнатите безбедносни контроли од страна на француските имигрантски власти на граничните премини, по неколкуте терористички напади.

Претставник на пограничните власти во Довер објасни дека ситуацијата денеска е подобрена, откако сите товарни возила се наредени во две колони на еден од приодните патишта кон овој британски пристанишен град, поради што сега нема редови во самото пристниште.

Властите, меѓутоа, ги предупредуваат патниците дека редиците и долгото чекање ќе потрае и во следните неколку недели, до крајот на летната сезона, па патниците се советуваат да носат со себе резерви од храна и вода за пиење.

Медиумите во Лондон откриваат дека француските погранични служби во текот на викендот биле оставени со „сосема малку персонал“, па морало да интервенираат британските погранични службени лица и да им помагаат на Французите, откако станало јасно дека проверката на патниците во еден автобус трае безмалку еден час.

Антиевропските таблоиди ја искорситија ситуацијата кај Довер за нови напади врз ЕУ и посебно врз Франција, обвинувајќи ги француските власти дека „намерно“ направиле криза за да се „казнат Британците за изгласаниот Брегзит“.

Критики им се упатува и на британската Влада и на премиерот Тереза Меј, за кои се вели дека требало да знаат што ќе се случи кај Довер, па дека требало да бидат подготвени за брзо реагирање на застојот и блокадата при преминувањето на Ламанш.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...