Во Чешка се појави реклама: „Не ловете Покемони, туку муслимани“

Прага, 26 јули 2016 (МИА) - Втората по големина осигурителна компанија во Чешка, ,,Кооператива" соопшти дека се оградува од рекламата, која под нејзиното лого се појави на социјалните мрежи со натпис: „Не ловете Покемони, туку муслимани!“, образложувајќи дека слоганот е изменет, јави дописникот на МИА од Прага.

Компанијата најави дека злоупотребата на нивниот оригинален слоган: „За време на возењето не ловете Покемони!“, ќе го брани по судски пат и ќе побара надомест на направената штета.

Фотографијата, со рекламата со антиисламска содржина, која беше подоцна повлеченам е споделувана од десетици луѓе со различни коментари.

- „Кооператива“ е пристојна компанија и затоа ве молиме да го избришете постот. Навредувачка содржина сте ја поврзале со нашиот бренд и сметаме дека тоа е противзаконски. Во случај да не го избришете постот ќе се браниме по судски пат, напиша компанијата под статусот кој го објави Здружението „Блок против исламизацијата“, кое подоцна го избриша постот.

Авторот на фото монтажата изјави дека тоа е пародија на рекламната кампања и не е упатена кон бегалците и Усламот, туку само е одраз на она што е актуелно во јавноста.

Сепак рекламата најмногу беше ширена од противниците на муслиманите и Исламот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...