Уапсени уште две лица поради нападот во Ница

Париз, 26 јули 2016 (МИА) - Француската полиција денеска упаси двајца мажи поради поврзаност со нападот на шеталиштето во Ница, кога со камион беа прегазени и загинаа 84 луѓе.

- Одреден им е притвор додека полицијата се обидува да утврди дали напаѓачот, Тунишанецот Мохамед Лахуеџ Булел имал логистичка поддршка, изјави извор близок на истрагата.

Државното обвинителство верува дека Булел подолго време го планирал нападот, во кој со камион од 19 тони ги прегази луѓето кои уживале во огнометот на шеталиштето во Ница.

Досега се покренати обвиненија против четворица мажи и една жена за соучесништво во крвавиот инцидент.

Францускиот обвинител Франсоа Молан изјави дека преписката меѓу осомничените и Булел, кој е убиен во нападот од страна на полицијата, укажува дека тие заедно го планирале злосторството.

Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава, но иако полицијата во компјутерот на Булел пронајде фотографии и снимки од насилства кои ги извршила оваа група, сепак нема докази дека тој и бил лојален на џихадистичката организација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...