Тројца загинати при заложничката криза во црква во Франција

Париз, 26 јули 2016 (МИА) - Тројца загинати и еден ранет е билансот на жртвите на денешната заложничка криза во една црква близу француксиот град Руан, соопшти полицијата.

Како што јави телевизијата Франс 24, две вооружени лица, кои како заложници држеа неколку луѓе во црквата, се ликвидирани при акцијата на француските безбедносни сили за нивно „неутрализирање“.

При акцијата напаѓачите го убиле локалниот свештеник и му нанеле посериозни повреди на уште едно лице.

Како што јави ТАСС, напаѓачите, кои биле вооружени со ножеви, биле убиени, при обидот да побегнат од црквата.

Краткотрајната заложничка криза почна утринава, кога двајцата напаѓачи, чиј идентитет засега не е соопштен, упаднаа во црквата во местото Сент Етјен ду Рувре и ги задржаа како заложници сите присутни во неа.

Според француските медиуми, во цркавата во тој момент покрај свештеникот, биле и две католички калуѓерки и неколкумина верници.

Телевизијата Франс 24 јавува дека веднаш по упадот на напаѓачите, полициски и безбедносни сили го запоседнале целиот простор околу црквата.

Францускиот претседател Франсоа Оланд и министерт за внатрешни работи Бернар Казнев веќе се упатија кон местото на нападот.

Полицијата не јавува дали инцидентот во близината на Руан го смета за терористички напад.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...