Оланд: Напаѓачите во црквата кај Руан биле припадници на ИД

Париз, 26 јули 2016 (МИА) - Францускиот претседател Франсоа Оланд, кој го посети место на денешната заложничка криза во црквата во местот Сен Етјен ду Рувре, тврди дека „двајцата терористи“ биле припадници на групата Ислмаска држава (ИД), јави дописникот на МИА од Париз.

Претходно, во соопштението за јавноста францускиот претседател инцидентот во црквата го оквалификува како „гнасен терористички напад“.

За утре Оланд закажа средба со Конференцијата на претставниците на верските заедници во Франција.

Три лица, двајцата напаѓачи и еден католички свештеник, загинаа денеска при заложничка криза во црквата во Сен Етјен ду Рувре, во близина на францускиот град Руан.

Како што јави телевизијата Франс 24, двете вооружени лица, кои како заложници држеа неколку луѓе во црквата, се ликвидирани при акцијата на француските безбедносни сили за нивно „неутрализирање“. При акцијата напаѓачите го убиле локалниот свештеник и му нанеле посериозни повреди на уште едно лице.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...