Никола Старџен бара од Лондон да ги респектира желбите на Шкотска

Единбург, 26 јули 2016 (МИА) - Шкотскиот прв министер Никола Старџен денеска побара од британската Влада да ги респектира желбите на Шкотска, по референдуот на кој мнозинството Британци се изјаснија за излегување од ЕУ.

Според Старџен, големно мнозинство од шкотските гласачи, за разлика од британските, се определија за останување во ЕУ, па во една ваква ситуација, владата во Единбург од првиот момент по соопштување на резултатите од референдумот се определи за „одбрана на шкотските интереси“.

На средба со шкотски бизнисмени и со претставници на јавните и хуманитарни организации во Шкотска, првата министерка ја повтори позицијата дека покраината сака да остане и натаму дел од ЕУ и дека ќе направи се што ќе биде потребно за да се обезбеди таа цел.

Старџен смета дека во една ваква атмосфера на поделеност меѓу шкотските и остатокот од британските гласачи, организирањето втор референдум за независнот на Шкотска станува реалност.

Таа, сепак, ја остава можноста за користење и на „други опции“ во очекување на започнување на преговорите за излез на Велика Британија од ЕУ.

Шкотскиот прв министер побара на нив да се слуша и гласот на Шкотска.

Во тие рамки, Единбург бара да се почитуваат економските интереси, со обезбедување слободно движење на луѓето и на работната сила, со пристап кон заедничкиот пазар на ЕУ, како и со обезбедување на субвенционирање на шкотските фармери и универзитетите и социјална заштита за работниците и почитување на човековите права.

Малку е веројатно дека Лондон и Брисел ќе ги почнат преговорите за раздружување пред крајот на оваа година.

Британската Влада бара од ЕУ време за да се подготви, додека Унијата смета дека целит тој процес не треба да се одолговлекува, но прифака да и се остави простор на Велика Британија во очекување на она што сега ќе го побара Лондон.

Официјален Париз веќе порача дека пристап до заедничкиот пазар Велика Британија ќе може да има само ако ги прифати правилата на ЕУ за слободно движење, што сега се покажа дека е барање и на Шкотска.

Старџен на почетокот од овој месец се сретна со новиот британски премиер Тереза Меј во Единбург, при што од британска страна била изразена подготвеност да се слушне кои се шкотските опции по Брегзитот, но Лондон не сака нов референдум за независност, а и натаму бара од ЕУ, да има ограничување во слободата на движењето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...