Алфано: Потенцијалните мигранти од Африка добро да размислат пред да тргнат по море за Европа

Рим, 28 јули 2016 (МИА) - Италијанската Влада денеска го означи почетокот на медиумската кампања, која ќе има за цел да ги откаже луѓето од Африка да мигрираат во Европа, предупредувајќи ги дека патувањето може да ги изложи на смрт и страдања, пренесе ДПА. 

Податоците на Меѓународната организација за миграција, која ја поддржува кампањата, покажуваат дека од приближно 250.000 лица, кои до овој момент по море дошле во Европа, над 3.000 загинале или се исчезнати во морските води.

-Ти, мигранту, кој се надеваш дека ќе го оствариш својот сон, се изложуваш на огромен ризик да западнеш во кошмар, изјави италијанскиот министер за внатрешни работи Анџелино Алфано при претставувањето на проектот пред медиумите.

Кампањата ќе го носи насловот „Информирани мигранти“.

Иницијативата, која е проценета на 1,5 милиона евра, предвидува емитување приказни низ медиумите на преживеани мигранти. Во секвенците што денеска беа емитувани пред новинарите, жена раскажа за обидот за силување, а маж за тоа како под закана од оружје го ризикувал својот живот, минувајќи го Средоземно Море со несигурен гумен чамец.

Кампањата, која е фокусирана на локалните радиостаници, телевизиски канали и социјални мрежи, треба да опфати 15 африкански земји, вклучувајќи ги и трите водечки земји на потекло на мигрантите кои пристигнуваат во Италија: Нигерија, Еритреја и Судан.

Алфано изјави дека цел на кампањата е да се разубедат економските мигранти, истовремени признавајќи дека луѓето кои бегаат од војните или од прогони веројатно и без тоа ќе се обидат да дојдат во Европа.

Тој додаде дека економските мигранти се 60 проценти од 154.000 лица кои минатата година пристигнаа во Италија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...