Папата Франциско ги повика младите во Полска да ги прифатат бегалците

Краков, 29 јули 2016 (МИА) - Папата Франциско ги повика во Краков младите да ги прифатат мигрантите и бегалците, со што директно ќе и се спротивстават на полската Влада која е против тоа.

- Милосрдното срце може да биде засолниште за оние кои немаат дом или го загубиле. Тоа може да им изгради дом и семејство на оние кои биле принудени да мигрираат. Милосрдното срце знае што е нежност и сочувствување. Тоа се отвпра за да прифати бегалци и мигранти, изјави папата пред повеќе од 600.000 млади луѓе за време на меѓународниот собир Светски ден на младите, кој трае шест дена и е наречен „католички Вудсток“.

Полската владејачка конзервативна партија Право и правда не се согласува со поглаварот на Римокатоличката црква во врска со приемто на мигранти и е против задолжителните европски квоти за прифаќање на бегалци.

Некои конзервативни високи свештеници на полската Црква, исто така, имаат дилеми кон мигрантите, посебно кон оние од исламските земји, стравувајќи дека тие би можеле да го загрозат полскиот христијански идентитет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...