Приведен сириски бегалец во врска со нападот во црквата во Франција

Париз, 29 јули 2016 (МИА) - Француската полиција уапси еден сириски бегалец поради сомнеж за поврзаност со џихадистичниот напад во црквата во близина на Руан во вторникот, при што беше убиен католички свештеник.

Како што јавија француските медиуми, повикувајќи се на полициски извори, приведениот Сириец бил сместен во центар за апликанти за азил во централна Франција. 

Со приведувањето на Сириецот, бројот на лица уапсени во врска со нападот во црквата се искачи на тројца.

Нападот го извршија двајца осомничени исламисти, кои упаднаа во црквата во местото Сен Етјен ду Рувре, задржувајќи ги присутните како заложници. При инцидентот тие го заклаа свештеникот пред олтарот на црквата и ранија уште едно лице. Напаѓачите беа убиени од полицијата при обид да побегнат од црквата.

Одговорност за нападот презеде џихадистичката група Исламска држава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...