Папата Франциско го посети Аушвиц

Краков, 29 јули 2016 (МИА) - Папата Франциско денеска беше во посета на поранешниот нацистички концентрационен логор Аушвиц, со што стана третиот поглавар на Римокатоличката црква кој го посетил ова место каде се убиени повеќе од еден милион луѓе, повеќето Евреи.

Тој мина низ влезот на Аушвиц под натписот „Работата ослободува“ и се помолил во знак на почит за жртвите.

Подоцна пред „ѕидот на смртта“ тој се сретна со неколкумина преживеани поранешни затвореници во овој нацистички логор. Пред секого од нив застана, се ракуваше и ги бакна.

Аушвиц претходно го посетија Јован Павле Втори, кој е Полјак, како и Бенедикт Шеснаесетти, кој бил Германец.

Папата Франциско, кој е Аргентинец, престојува во посета на Полска по повод меѓународниот собир на католичката младина, кој се одржува во Краков.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...