Во земјотресот во Италија најмалку 73 загинати

Рим, 24 август 2016 (МИА) - Бројот на жртвите од силниот земјотрес што погоди повеќе градови и села во планинскиот предел во централна Италија се искачи на 73, додека десетици се сметаат за исчезнати, соопти италијанската Агенцијата за цивилна заштита.

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Италија во 03:36 часот, кога повеќето луѓе спиеле, и при тоа разурна цели делови од градот, уништи патишта и остави многумина под урнатините на зградите во најподените градови Аматриче, Акумоли и Аркуата дел Тронто.

Спасувачките тимови со булдожери, но и со голи раце копаат низ урнатините во потрага по преживеани, додека локалните власти предупредуваат дека смртниот биланс најверојатно ќе расте.

Градоначалникот на Аматриче Серџо Пирози изјави дека спасувачките тимови се обидуваат да стасаат до 69 селца, во близина на градот.

- Половина од градот веќе не постои. Луѓе се заглавени под урнатините. Куќите веќе не постојат, изјави Пирози.

Жителите и спасувачките служби се борат да ги ослободат жртвите кои останаа затрупани под урнатините на своите домови.

Овој земјотрес, кој беше почувствуван дури и во Рим, на повеќе од 150 км оддалеченост, е најсилниот во Италија по оној во 2009 година,  кога повеќе од 300 луѓе загинаа во и околу градот Аквила.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...