Германија подготви нов план за цивилна заштита

Берлин, 24 август 2016 (МИА) - Германската Влада денеска го усвои новиот план за цивилна заштита, што населението го повикува да се обезбеди со вода и храна во случај на атентати, природни стихии и кризни ситуации, пренесоа светските агенции.

Планот, за кој претходно неделава информираа германските медиуми и кој денеска беше претставен пред новинарите од страна на министерот за внатрешни работи Томас де Мезиер, предизвика критики во земјата.

-Треба да сме подготвени за катастрофални сценарија, слични на тие низ сите држави во светот, изјави Де Мезиер пред новинарите, непосредно по неговото одобрување на седницата на Министерскиот совет.

Де Мезиер додаде дека подготвката на планот почнала уште во 2012 година.

Последниот германски план за цивилна заштита е со датум од 1995 година, односно од периодот што беше одбележен со разведрување на климата во областа на безбедноста, по завршувањето на Студената војна, потсети денеска германската Влада и подвлече дека новиот план бил предвиден од поодамна и не бил предизвикан од конкретна опасна ситуација, ниту од актуалните терористички закани, забележуваат француските медиуми.

Новиот план содржи серија мерки, кои имаат за цел да го гарантираат функционирањето на државата во случај на криза, како и снабдувањето на населението со вода, струја и основни продукти и обезбедување на медицинска нега.

Напад врз територијата на Германија, што би барало прибегнување кон конвенционална заштита, е малку веројатен, се подвлекува во документот, што содржи вкупно 70 страници.

Со планот на населението му се препорачува да обезбеди два литра вода дневно по човек за период од пет дена. Граѓаните се повикани и да си обезбедат и доволно храна за десет дена.

Планот предвидува и итни мерки во случај на прекин на електродистрибуцијата и водоснабдувањето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...