Меркел: Земјите од ЕУ треба да се слушаат едни со други по Брегзит

Талин, 24 август 2016 (МИА) - Дваесет и седумте земји, кои ќе останат во ЕУ откако Велика Британија ја напушти, треба внимателно да се слушаат едни со други и да го избегнуваат избрзаното донесување политички одлуки, изјави германската канцеларка Ангела Меркел, цитирана од британските медиуми.

-Тоа е фаза на ислушување, на разбирање и на учење едни од други, за да можеме да изградиме нов баланс од 27 членки кои ќе останат во ЕУ", рече Меркел во Талин, на заедничката прес-конференција со естонскиот премиер Таави Ријвас.

- Доколку од самиот почеток погрешно се постапува и нема ислушување, туку се дејствува едноставно само заради дејствување, може да се дозволат многу грешки, рече Меркел и подвлече дека на следниот самит на ЕУ во Братислава нема да се донесуваат цврсти одлуки, туку ќе се изготви дневен ред за иднината.

- Треба да продолжи исполнувањето на спогодбите од Минск и покрај сложеното реализирање на тој процес, рече Меркел, цитирана од ТАСС.

„Немаме ништо друго освен спогодбите од Минск. Нивното реалиизирање, меѓутоа, оди многу тешко. Треба да се вооружиме со трпение, изјави таа и вети дека Франција и Германија ќе ја продолжат својата посредничка улога во решавањето на украинскиот конфликт.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...