Маж држи заложници во банка во Москва, се заканува дека ќе детонира бомба

Москва, 24 август 2016 (МИА) - Маж зеде заложници во експозитура на „Ситибанк" во центарот на Москва и се заканува дека ќе детонира бомба, пренесе ТАСС.

Се претпоставува дека мажот е на возраст меѓу 55 и 60 години. На вратот има закачено кутија, замотана со жолта лента. Од кутијата излегуваат жици.

Мажот се претпоставува за претприемач од Подмосковјето, кој произведува медицински предмети. Тој вели дека неодамна е банкротирал и сака да се создаде „институција за банкротирана поединци".

Според полицијата напаѓачот, роден во 1961 година, е Арам Петросјан.

Пресслужбата на „Ситибанк" соопшти дека работи со органите на прогонот за решавање во најкус можен рок на инцидентот во банката.

Во нападнатата филијала на банката влегол преговарач. На местото на инцидентот пристигнале полицајци, специјална единица на Министерството за внатрешни работи и претставници на Федералната служба за безбедност, како и деминери од Министерството за внатрешни работи.

Напаѓачот досега ослободи три жени. Се смета дека во банката останале тројца вработени и еден посетител.

Напаѓачот уверува дека неговите акции не се насочени против банката и сам побарал да преговара со полицијата. Банкарски службеници, кои успеале да ја напуштат зградата, велат дека мажот цел ден седел на клупата во близина на банката и се интересирал кој е гувернер на оваа филијала.

Преговорите со напаѓачот лично ги води началникот на градската полиција Анатолиј Јакунин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...