Афера Буркини: Казнев повика да се избегне жигосувањето

Париз, 24 август 2016 (МИА) - Бернар Казнев, министерот за внатрешни работи на Франција, изјави дека некои крајбрежни општини не треба да ги спротиставуваат Французите едни против други, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Министерот за внатрешни работи, реагирајќи на аферата „Буркини“ исламски женски костум за капење кој го покрива целото тело, која ја „бранува“ француската јавност и предизвикува потсмевање и сарказми во меѓународниот печат, оцени дека анти-буркини одредбите, донесени од некои крајбрежни општини, како Кан или Ница, а потврдени и од управните судови, не треба да доведат до "жигосување" или да доведат до поделба меѓу Французите.

Изјавата на Казнев доаѓа по разговорот со претседателот на францускиот совет за муслиманската вероисповест Анвар Кбибеш.
Оваа средба беше по барање на претседателот на советот.

Казнев нагласи дека е потребна „апсолутна цврстина при почитување на секуларизмот" и „пропорционалност" во спроведувањето на овие одредби.

Претседателот на советот на муслиманската вероисповест, исто така, беше загрижен од тоа колку отиде „далеку јавната дебата" околу буркините по што побара итна средба со министерот за верски прашања .

- Пред неколку дена, една жена беше вербално нападната на плажа во Кан, кога таа носеше едноставна шамија, придружувајќи ги своите деца", рече претседателот на Советот. - Денеска, на снимките гледаме како полицијата принудува една жена на плажа во Ница да ја отстрани шамијата иако таа дури и не носи буркини, со што се предизвикува чувство на погоденост на целата заедница" , додаде претседателот на советот. Оваа 34-годишна мајка, изутринава на француското радио нагласи дека ќе ја оспори казната од 11 евра која и ја напиша полицијата поради одбивањето да ја извади шамијата.

Повикувајќи на „мудрост и одговорност на сите", Анвар Кбибеш рече дека „денес, ни се потребни повеќе дела за смирување и толеранција". Тој ја пофали пораката на министерот за внатрешни работи, "да се смират работите. - Ние ја потврдивме заложбата на муслиманите за републиканскиот пакт и вредностите на Републиката, исто така, увери Анвар Кбибеш.

Овие контроверзии траат веќе неколку дена околу одлуките за забрана на носење на буркини од страна на некои крајбрежни плажи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...