Ренци: Во земјотресот загинаа најмалку 120 лица

Рим, 24 август 2016 (МИА) - Најмалку 120 лица загинаа во земјотресот кој ја погоди централна Италија, изјави италијанскиот премиер Матео Ренци и најави дека утре ќе биде прогласена вонредна состојба. Засега нема информација за бројот на повредени и лица кои се сметаат за исчезнати.

Според локалните медиуми без домови останале неколку стотици илјади луѓе.

Во реонот на катастрофата работат над 700 спасувачи и медицински персонал.

Градоначалникот на град Аматриче во областа Лацио, Серџо Пацоли изјави дека само во неговата општина, има 75 загинати, а 100 лица се водат за исчезнати.

За десетици жртви се информира и во градовите во областа Марке. Во градот Пескара дел Тронто има 30 загинати, а во соседниот Аркуата дел Тронто - 24.

Тоа значи дека според неофицијални податоци, во земјотресот загинале најмалку 129 лица.

- Во Италија е прогласен Ден на жалост поради многубројните жртви на земјотресот во централниот дел на земјата. Државните знамиња спуштени на половина копје на сите официјални институции, а така ќе биде и и утре, изјави премиерот Ренцо.

Италијанскиот премиер укажа дека смртниот биланс би можел да се зголеми, со оглед на тоа дека во градот Аматриче, кој беше најмногу погоден од земјотресот, престојувале многу странски туристи.

- Ова да се случеше во октомври ќе беше полесно да ги преброиме жртвите, но денес бројот на жители во погодените реони и десет пати поголем, истакна Ренци.

Тој уште истакна дека ќе бидат преземени сите мерки со цел да им се помогне на загрозените и оти од таа причина, Владата утре ќе прогласи вонредна состојба.

- Обединетите нации соопштија дека се подготвени да помогнат на Италија и Мјанмар за справување со последиците од земјотресите, кои денеска ги погодија овие две земји, изјави портпаролот на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун Стефан Дјужарик.

Бан Ки-мун изрази сочувство на народите и владите на двете земји.

Во Мијанмар во земјотресот загинаа четири лица и уништени се околу 70 будистички храмови.

- САД понудија помош на Италија за справување со последиците од земјотресот во телефонски разговор на државниот секретар Џон Кери со италијанскиот министер за надворешни работи Паоло Џентилони, соопшти портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби.

Кери изразил сочувство за жртвите и разурнувањата предизвикани од силниот земјотрес со интензитет од 6,2, што беше проследен со секундарен земјотрес со јачина од 5,4.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...