Лондон, 25 август 2016 (МИА) - Полицијата во Шкотска има официјално одобрение за носење на хиџаб со цел вклучување на муслиманките во нејзините редови.
- Хиџабот ќе стане можен додаток на униформата. Целта е да се убедат муслиманките, кои досега размислуваа за кариера во полицијата, да ја преиспитаат одлуката, се наведеува на интернет-страницата на шкотската полиција.
Досега шкотските полицајки можеа да носат муслиманска шамија откако ќе станеа началнички.
Полицајките во Лондон, во Манчестер и други британски градови повеќе децении имаат право да носат хиџаб.
И Канада во вторникот дозволи носење на хиџаб за припадничките на федералната полиција.