Чешка до крајот на годината нема да прифати мигранти од Турција

Чешкиот министер за внатрешни работи Милан Хованец изјави дека Чешката Република до крајот на оваа година нема да прими ниту еден мигрант од Турција.

- До крајот на годината нема да земеме никого, затоа што безбедносните проверки се многу прецизни, рече Хованец додавајќи дека сето тоа е потребно заради сериозната ситуација во Турција каде според него не се знае дали имало „обид за воен удар или контра воен удар".



- Турците денес многу ефективно воено интервенираат, но јас се плашам дека тоа не е во полза на луѓето во Сирија, туку тие си го решаваат конфликтот со Курдите, рече Хованец, изразувајќи стравување од дестабилизација на Турција.

Тој оцени дека доколку не се исполни договорот меѓу ЕУ и Турција, можно е да се зголеми бранот на бегалци на пролет идната година и подвлече дека не треба да се укинат визите заради неисполнувањето на обврските од турската страна.

Во врска со миграцијата, Хованец додаде дека Чешка треба да отпочне дипломатска офанзива насочена кон Грција за земјата да почне да ги исполнува обврските кон бегалците, јави дописникот на МИА од Прага.

- За жал, Грција треба да биде еден вид „бегалски логор" каде мигрантите ќе знаат дека ќе бидат затворени, проверени и вратени од каде што дошле, рече Хованец.

Тој најави дека на крајот на месецот со Германија ќе разговара за поголем мониторинг на границата, во случај земјата да почне да ги враќа бегалците до земјите од каде потекнуваат.

Тој изрази поддршка за идејата на чешкиот премиер Бохуслав Соботка за формирање на европска Армија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...