Франција сугерира нов пограничен договор со Велика Британија за мигрантите

Лондон, 29 август 2016 (МИА) - На мигрантите во импровизираниот камп кај Кале, на француската страна од Ламанш, кои бараат азил во Британија, би требало да им се дозволи барањата да ги поднесуваат додека се уште се на територијата на Франција, изјави претседателот на регионот Кале, Хавиер Бертран.

Во разговор за Би-Би-Си, Бертран вели дека луѓето од кампот, познат како „џунгла“ би можеле, уште додека се во Кале да аплицираат, а не да чекаат тоа да го сторат доколку успеат да се префрлат преку каналот Ламанш.

Овој локален француски функционер смета дека со неговиот план, секој мигрант што Британците ќе го одбијат за азил, веднаш ќе може да биде депортиран во земјата од каде потекнува.

Според Бертран, треба да се направи амандман на постоечкиот француско-британски договор од Ле Туке со што значително ќе се растовари притисокот врз Кале и ќе се намали бројот на мигрантите во кампот.

Договорот направен во 2003 година, овозможува британските имигрантски власти да прават пасошка контрола на француската територија, кај Кале или Данкерк, а француската служба тоа да го прави во Довер, на британскиот брег од Каналот.

Без овој договор, Британците би требало да ги примат и да ги прифатат сите на својата страна, па потоа, во Довер, да одлучуваат кого ќе примат во земјата.

Околу девет илјади мигранти од Африка, Блискиот Исток и Азија се собрани во кампот „џунгла“ во обид „на некој начин“ да се префрлеат во Бртанија, преку тунелот под морското дно или со некои од фериботите, обично сокривајќи се во товарните вагони или во големите камиони.

Во Лондон нема коментар за идејата на Бертран, освен што Хоум Офисот порачува дека Британија се придржува на европскиот договор, на земјите од ЕУ, со кој азил се бара во првата земја која важи за безбедна.

Во случајот на мигрантите од Кале, тоа се најчесто Италија и Грција, преку кои најголемиот број од илеганите мигранти влегле на територијата на ЕУ.

Мигрантите би можеле да поднесат барање во азил и во Франција, кога прв пат влегле на нејзината територија, но според Би-Би-Си , најголемиот број од нив не сакаат да останат на француската територија и бараат начин да се префрлат во Британија.

Идејата на Ксавиер Бертран е поддржана од речиси сите потенцијални претседателски кандидати, за изборите во Франција, во 2017 година, вклучувајќи го и бившиот претседател Никола Саркози.

Сите тие се согласуваат дека француско-британската спгодба од Ле Туке треба да се реформира, или да се поништи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...