Роми од едно украинско село биле иселени за да се одбранат од нападите на Украинците

Киев, 29 август 2016 (МИА) - Украинските власти одлучиле да ги иселат сите Роми од едно село во реонот на Одеса, откако локалните Украинци ги нападнале Ромите и нивните куќи, соопштено е во Киев, јави Би-Би-Си.

Инцидентот се случил веднаш штом било најдено мртвото тело на едно деветгодишно девојче, за кое полицијата се сомнева дека претходно било силувано.

Еден 21-годишен Ром е уапсен, осомничен дека го извршил убиството.
Селаните-Украинци од селото Лошчинивка, ги нападнале домовите на Ромите, кршејќи ги прозорците со камења и подметнувајќи пожари.

Ромите се обиделе да реагираат за да се одбранат, но побегнале, па полицијата тврди дека во нападот никој не бил повреден.

Украинската полиција тврди дека ситуацијата е ставена под контрола, откако се доведени дополнителни полициски сили, а Ромите со автобусите се селат на друга локација, подалеку од селото.
Во селото Лошчинивна, досега, живееле повеќе од 50 Роми.

Гуверенерот на Одеса, Михаил Саакашвили изјави дека „има разбирање за големиот гнев и револт“ на локалните Украинци.

„Антисоцијални елементи биле вмешани во масовно растурање на дрога„ напиша Саакашвили, поранешен претседател на Грузија, на Фејсбук.

Ова е првпат, Саакашвили кој претходно му се стави на располагање на украинскиот претседател Петро Порошенко, да се огласи како локален функционер во Украина.

Европскиот центар за правата на Ромите, претходно, предупреди дека оваа етничка заедница е изложена на силен притисок во Украина. Тамошните Роми се третирани како жители од втора категорија, често се цел на напади, а сите живеат во исклучително сиромашни услови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...