Силно невреме со град ја погоди Словенија

Љубљана, 29 август 2016 (МИА) - Големо невреме проследено со град ги зафати денеска попладне северните и североисточните делови на Словенија, а во текот на ноќта, според метеоролошките прогнози, ќе се прошири и низ поголемиот дел од земјата.

Словенечката Државна управа за заштита и спасување јави за поплави, одрони на земјиште и оштетени локални патишта на подрачјето на Словењградец и Шентиљ, додека во Марибор покрај поројниот дожд паѓал и град.

Метеоролозите најавуваат дека во текот на ноќта Словенија повторно ќе биде зафатена од локална бура со поројни дождови, силни ветрови, а во некои места и град.

Невремето веројатно ќе ги зафати и останатите делови од земјата во правец на југоисток.

Иако засега невремето се уште не се проширило кон Хрватска, анимацијата на радарските слики и врнежите на хрватскиот Хидрометеоролошки завод покажува дека бурата во вечерните часови се приближила и кон западните и северозападните делови од внатрешноста на Хрватска. Метеоаларм објави жолто предупредување поради можна бура во Меѓумурје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...