Eмануел Макрон ќе поднесе оставка

Париз, 30 август 2016 (МИА) - Францускиот министер за економија Емануел Макрон најави дека ќе поднесе оставка од функцијата и дека ќе се посвети на неговиот претседателски план, јавува дописникот на МИА од Париз.

Неговата највена оставка само става крај на тензиите кои постоеа меѓу него, членовите на владата и претседателот Франсоа Оланд, кој го лансира во политиката.

Според повеќе извори, Емануел Макрон попладнево треба да ја поднесе оставката, подготвувана веќе подолго време. Неговото заминување од владата е резултат на тензиите и критичките позиции кои ги изрази кон економската политика, која требаше да ја спроведува, како и нетрпеливоста со премиерот Мануел Валс.

Емануел Макрон до пред само две години беше советник на претседателот и по доаѓањето на функцијата министер, користејќи ја непопуларноста на премиерот и претседателот, тој успеа да се наметне како кандидат на можното враќање на реформаторската левица. Неговата позиција се зајакна деновиве уште повеќе, откако и премиерот Валс е критикуван од страна на челновите на владата поради неговите позиции околу буркините.

Емануел Макрон не ги крие своите политички амбиции за највискоата функција во Франција, иако многумина му забележуваат дека никогаш не бил избран на избори и дека на функцијата министер дошол директно од советничка позиција кај претседателот, каде дошол како млад банкар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...