ММФ и одобри на Украина транша од една милијарда долари

Вашингтон, 15 септември 2016 (МИА) - Советот и директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го заврши вториот преглед на антикризната програма за Украина и оддели за Киев кредитна транша од една милијарда, јави ТАСС, повикувајќи се на прес-службата на Фондот. 

Вкупната висина на средствата, предвидени за Украина, веќе достигна 7,62 милијарда долари, посочи организацијата. 

При исполнување на програмските критериуми Украина ќе може да добие во ноември транша од околу 1,3 милијарди долари, а во февруари следната година, уште една исплата од околу две милијарди долари, посочи претходно извор од ММФ.

Украинскиот претседател Петро Порошенко го поздрави доделувањето на средствата. 

- Одлуката на ММФ му покажа на светот дека Украина ги извршува реформите. Тоа ќе придонесе исто така и за стабилизирање на украинската валута - гривна, и ќе ја поддржи макроекономската стабилизијација, изјави Порошенко. 

- На овој начин се дава зелено светло за обезбедување на една милијарда долари кредитна гаранција од САД и заем од 600 милиони евра од ЕУ, истакна украинскиот претседател.

- Новиот кредит од ММФ ќе и помогне на Украина да го врати долгот и да ја запази стабилноста на гривната и финансискиот систем, заклучи украинскиот министер за финансии Александар Даниљук.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...