Земан би го поддржал Трамп за претседател на САД

Прага, 20 септември 2016 (МИА) - Чешкиот претседател Милош Земан на американските претседателски избори би го поддржал републиканскиот кандидат Доналд Трамп, јави дописникот на МИА од Прага.

Земан во разговор за порталот Иднес.цз оценува дека демократската кандидатка Хилари Клинтон би продолжила по стапките на актуелниот претседател Барак Обама.

- Со цела почит за Барак Обама, неговото име е поврзано со многу неуспеси, тој успеа да го „растресе" целиот Блиски Исток, рече Земан.
Тој додаде дека под раководство на Трамп, Соединетите американски држави би биле поинакви.

Потврдувајќи дека доколку би бил во можност би гласал за Трамп, Земан ги отфрли критиките за популизам или недостаток на искуство на републиканскиот кандидат.

- Кога се кандидираше Реган му се потсмеваа дека е само „глупав актер“ и дека од него ништо не може да се очекува, а тоа беше еден од најголемите американски претседатели, подвлече Земан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...