Ако стане претседател, Саркози размислува да распише референдум за излез од ЕУ

Париз, 23 септември 2016 (МИА) - Поранешниот претседател на Франција Никола Саркози не ја исклучува можноста да распише референдум за излез на земјата од ЕУ во случај ако повторно биде избран за шеф на државата, јави телевизијата „Бе-Еф-Ем“. 

Не исклучувајќи го одржувањето на плебисцит, Саркози наведе дека повеќе сака да зборува за реформите во ЕУ и посебно за француско-германското регионално лидерство, чиј концепт има намера да му го предложи на Берлин. 

Саркози, кој се наоѓаше на чело на Франција од 2007 до 2012 година, претходниот месец соопшти дека има намера да се кандидира на претседателските избори во 2017 година. 

Месецов, лидерот на партијата Национален фронт, Марин ле Пен, вети дека ќе распише референдум за членството на Франција во ЕУ доколку ја изберат за претседател во 2017 година. 

Ле Пен изјави дека Франција има многу повеќе причини за излез од ЕУ од Велика Британија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...