Во подметнат пожар уништени докази за терористите од Брисел и Париз

Брисел, 26 септември 2016 (МИА) - ДНК примероци поврзани со терористичките напади во Париз и Брисел, се уништени при подметнат пожар во Центарот за криминалистика и криминологија во белгискиот главен град, објавија денеска локалните медиуми. 

Пожарот во лабораториите се случи 29 август, но досега не беа соопштени детали за предизвиканата на штетата. 

Според белгиските медиуми, уништени се шест од вкупно 10 лаборатории во Центарот. 

Правниците оценуваат дека уништувањето на доказите ќе го стави Судот пред тешки одлуки. Ако примероците беа делумно оштетени, Судот можеше да побара повторна анализа.

Но, сега судиите треба да проценат дали да ги земат предвид податоците од веќе направените анализи. 

Медиумите посочуваат, дека уништените ДНК примероци веќе биле тестирани и дигиталните копии од нив биле внесени во сервер, кој не се наоѓал во запалените простории. 

Меѓу материјалите се наоѓале докази за лицата кои се поврзани со нападот во Еврејскиот музеј во Брисел, како и докази за извршителите и соучесниците на нападите во Париз и Брисел во последните две години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...