Париз бара Лондон да се вклучи во расчистувањето на мигрантскиот камп во Кале

Лондон, 26 септември 2016 (МИА) - Официјален Париз побара од Велика Британија да се вклучи во отстранувањето на илегалниот мигрантски камп во градот Кале на брегот на Ламанш, позната како „Џунгла“. 

Според лондонските медиуми, француската Влада овојпат е „цврсто решена“ да го разреши случајот со овој камп, во кој редовно има меѓу седум и десет илјади мигранти, во најголем број илегалци од Африка, Азија и Блискиот Исток, на тој начин што целосно ќе го растурат и ќе го затворат „еднаш за секогаш“.

- Британија ќе мора да има своја улога во целата оваа работа, порача францускиот претседател Франсоа Оланд, кој денеска престојува во реонот на Кале, додавајќи дека суверено право на Британците е да ја напуштат ЕУ, но Лондон мора да знае дека „не може да биде ослободен од своите обврски кон Франција“.

Британските власти претходно соопштија дека ќе учествуваат со свои средства во изградбата на заштитен ѕид долг еден километар покрај главниот приспатен пат до пристаништето и до терминалот за тунелот под Ламанш.

Владата во Лондон не соопштува со колку средства ќе учествува во изградбата на ѕидот, што треба да го спречи досега лесното префрлање на мигрантите од „џунглата“ кон терминалите, но британските весници пишуваат дека станува збор за 2,2 милиони евра.

Растурањето на кампот, што го најави претседателот Оланд, во Лондон не се споменува, а не се коментира ниту барањето за британско вклучување.

Најголемиот дел од мигрантите настојуваат илегално да се префрлат на британска територија и според нивното тврдење, тие не сакаат да останат во Франција, што се смета како основа за барањето на францускиот претседател.

Во 2003 година, Велика Британија и Франција во местото Ле Туке, потпишаа билатерална спогодба со која е договорено, пасошката контрола на сите кои патуваат кон британскиот остров да се врши на француска територија.

Сите француски партии ја користат ситуацијата околу Кале за пред кампањата за претседателските избори, предвидени за пролета 2017 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...