Хомосексуалците во Чешка ќе може да ги посвојуваат децата од претходните врски

Прага, 25 октомври 2016 (МИА) - Чешката Влада го усвои предлогот да се овозможи усвојување на биолошкото дете на еден од хомосексуалните партнери кои живеат во регистрирано партнерство. 

Измените на Законот за регистрирано партнерство за кои се разговара повеќе години, се однесуваат на децата, кои се родени во претходна врска или со вештачко оплодување на еден од родителите кој живее во регистрирано партнерство и овозможува посвојување од другиот партнер, јави дописникот на МИА од Прага.

- Целта е, пред се да се заштитат децата, да бидат на еднакво рамниште како децата во други семејства. Се овозможуваат секојдневни работи, како добивање информации за здравствената состојба на децата, можноста без додатни документи да го земаат детето од градинка или пак чување и воспитување во случај на смрт на биолошкиот родител, изјави минизтерот за човекови права и законодавство Јиржи Динсбир.

Акуелбиот Закон за регистрирано партнерство меѓу хомосексуалните двојки, во Чешка важи од 2007 година и ја регулира заедницата на истополовите парови, но не е дозволено посвојување на деца.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...