Доналд Туск: Се уште е можно договорт ЦЕТА да биде потпишан

Брисел, 25 октомври 2016 (МИА) - Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изјави во Брисел дека договорот на ЕУ и Канада, за слободна трговија (ЦЕТА) се уште може да биде потпишан , како што тоа е предвидено.

Владата на Канада, исто така, соопшти дека „договорот не е мртов„ и дека не треба да се крене раце од него.

Самитот ЕУ-Канада, како и потпишувањето на „историскиот“ договор за слободна трговија, треба да се случи во четврток.

Преговорите за ЦЕТА, што ги водеше Европската комисија, траеја седум години и за него постои согласност од 27 земји-членки вклучувајќи ја и Велика Британија, но во понеделникот Белгија соопшти дека не може да го потпише договорот.

Белгискиот премиер Шарл Мишел изјави дека не успеал да постигне согласност од сите политички страни во земјата, за ЦЕТА и покрај обновите преговори.

Според Мишел, за договорот со Канада се федералната влада, Фландрија и германската заедница, а против Валонија, Брисел и франкофонската заедница. За полноважност на договорот, неопходна е согласност на сите земји членки на ЕУ.

За спасување на ЦЕТА, Туск синоќа разговарал со канадскиот премиер Џастин Трудо.

„Со Трудо се согласивме дека Самитот во четврток, сепак, може да се одржи, па затоа ние ги охрабруваме сите страни да се изјнајде решение. Се уште има време„- напишал Туск на Твитер.

Претходно, Европската комисија побара од Белгија да изнајде решение и да се спречи блокадата.

Подоцна Европската комисија соопшти дека четврток, како ден за потпишување на ЦЕТА „не е никаков конечен краен рок„.
Портпаролот на Комисијата изјави денеска дека „Европската комисија, по традиција, не поставува крајни рокови, а уште помалку дава ултиматуми„.

Со ЦЕТА се укинуваат 98 отсто од царинските тарифи меѓу ЕУ и Канада.

Противниците на ЦЕТА сметаат дека тој ги загрозува малите фармери, социјалните бенифиции и им дава уште поголема моќ на глобалистите.

Поддржувачите дека ЦЕТА ќе овозможи раст на трговијата за 20 отсто , од што голема корист ќе имаат малите бизниси.

Во Валонија живеат 3,6 милиони луге, во Канада 36,5 милиони жители, додека во ЕУ живеат 508 милиони.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...