„Зуд Дојче Цајтунг“: Во Германија дејствуваат четири групи на Кју Клукс Клан

Берлин, 25 октомври 2016 (МИА) - Германските власти проценуваат дека во земјата има најмалку четири активни групи на расистичката организација Кју Клукс Клан (ККК), тврди веснникот „Зуд Дојче Цајтунг“.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, во одговор на гермaнската Влада на пратеничко прашање поставено од пратеници на партијата Левица, се наведува дека оваа тајна радикална група кој промовира супремација на белата раса, има мал број на членови, дејствува во мали групи и засега е маргинална екстремно десничарска организација, која сепак е активна.

ККК во Германија постои од 1920 година, а од 2001 година властите регистрирале 68 кривични дела извршени од нејзини членови. 

- Малубројното членство не ја исклучува опасноста која е карактеристична за оваа организација вели пратеничката од редовите на Левицата, Моника Ренер.

Според информациите на Владата, во неколку случаи раководството на ККК учествувало во ритуалнно палење на крстови во шуми и рурални подрачја, поставувало знамиња со свастики и јавно пеело песни, кои се забранети со германските закони.

Движењето ККК, кое е основано во САД по завршувањето на Граѓанската војна од страна на противниците на укинувањето на ропството за црнците, во периодот од 1920 до 1960 година спровело стотици брутални напади, линчувања и бесења на Афроамериканци и имигранти и припадници на други малцинства во јужните американски сојузни држави.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...